НАСТАП НА „МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ“

На 23- ти Јуни на плоштадот во Скопје грандиозно финишираше акцијата „Македонија засекогаш“ во организација на Агенцијата за млади и спорт.

Добро познатата „Земјо македонска“ во обработка на Владо Јаневски беше носечка на ЦД-то што насловено како „Македонија засекогаш“ и го даде името на целата кампања за зачувување на македонските патриотски песни. Владо заедно со своите колеги кои земаа учество во овој проект настапи на големиот концерт во Скопје, а Македонците низ светот преку сателитска врска на А1 Телевизија имаа можност да го проследат овој спектакуларен настан што го увеличаа повеќе од 25 000 гледачи.

Владо во продолжение на летото ќе настапува низ Македонија, а за датумите и градовите ќе прочитате во оваа рубрика.