ВЛАДО ВО ДУЕТ СО ВЕСНА ПИСАРОВИЌ

Во почетокот на Април во студиото ”Red Hot” во Загреб Владо сними дует со хрватската звезда Весна Писаровиќ.

Весна ја представуваше својата земја на Евросонг 2000 во Талин (Естонија) со песната “Сасвим сигурна”, кога за Македонија настапи Каролина Гочева. Интересно е дека сега Весна пее со Владо во хрватската верзија на “Љубовта е моја религија” која на македонски Владо ја сними токму со Каролина во 2004.

Како автор на музиката и текстот, Владо ги прилагоди на сензибилитетот и стилот на Весна, а аранжманот му го довери на Миро Буљан кој е еден од најквалитетните композитори и аранжери во Хрватска.