ВО ПОДГОТОВКА e НОВ АЛБУМ !

Кон крајот на летото во студијата на „CROATIA RECORDS"  во Загреб, Владо со своите соработници го започна снимањето на песните за новиот албум што „АWARD“ ќе го објави во сите земји на поранешна Југославија.

Покрај некои големи хитови  кои ќе бидат преработени во ново руво и нови текстови, на албумот ќе се најдат и песни кои специјално за Владо ги напишаа Бајага, Борис Ѓурѓевиќ (COLONIA), Миро Буљан и др. Владо, како и најчесто до сега, ќе биде и во улога на композитор и текстописец.

 Во делот на аранжманите и продукцијата најголемиот   дел од обврските ке ги превземе легендарниот Никша Братош, кој ги продуцираше последните неколку  албуми  на Џибони. За оние најнетрпеливите уште една добра вест: следниот сингл од новиот албум радио-станиците ќе го завртат веќе во Октомври.