„МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА“ СО ГЛАСОТ НА ВЛАДО НА CNN

На 12-ти Јуни продукциската агенција „Пристоп МК“ го промовираше спотот насловен "Macedonia timeless" („Македонија вечна“).

Спотот  нарачан од Владата на РМ примарно е наменет за културна и туристичка презентација на земјата преку светските ТВ канали. Режисер и сценарист е Игор Иванов - Изи, директор на фотографија Џајлс Натџенс, а музиката е дела на Златко Ориѓански. Со оглед на фактот дека спотот ке се емитува ширум светот голема чест му беше укажана на Владо Јаневски кога беше ангажиран да го говори текстот во англиската верзија на спотот каде што  нарацијата  складно ги следи питорескните пејсажи од Македонија . Баршунестиот баритон на Владо со својата совршена англиска дикција доаѓа како шлаг на извонредниот уметнички дострел на целокупната продукциска екипа.
Неколку дена по официјалната промоција спотот веќе ја доживеа својата премиера на CNN. Со клик на долниот линк ќе посведочите како гласот на Владо на гледачите ширум планетата им ја раскажува приказната за Македонија.

CNN - "Macedonia Timeless". wmv