ЗЛАТНА БУБАМАРА ЗА „ПОВТОРНО...“
На 19-ти Февруари во Универзалната сала во Скопје се одржа традиционалната „Златна бубамара на популарноста“ на која Владо ја доби својата десета златна статуета, овој пат за хит на годината за песната „Повторно се заљубувам во тебе“.
По „Некогаш и негде“ во 2002 и „Ваков или таков“ во 2004, насловната нумера од нajновиот албум на Владо беше прогласена за официјален хит на 2006. Во придружба на групата врвни музичари Владо за наградата се заблагодари со изведба во живо на неговиот голем хит. По тој повод во го донесуваме спотот за песната во рубриката Аудио/Видео (9,8 МB wmv) и ви најавуваме нов спот за „Ко да вчера не ни било“ кој всушност е извадок од од скопскиот концертот на Владо во декември 2006.
|