ВЕЛИГДЕНСКА ЗАБАВА СО ВЛАДО ВО „ПАРК“ - ОХРИД

Владо Јаневски останува верен на традицијата да настапува во Охрид за Велигден. Дискотеката „Парк“ во недела на 19-ти Април како и обично ќе биде место за голема празнична веселба на која ќе се пеат сите легендарни рефрени на песните на Владо Јаневски.
Впечатоците од предновогодишниот охридски концерт се најдобра гаранција за незаборавна забава како за охриѓани така и за гостите од сите краеви на Македонија кои токму во Охрид ќе го слават најголемиот христијански празник. Дискотеката „Парк“ ги отвора вратите за сите фанови на Владо во 21 часот, а организаторите потврдуваат дека се е подготвено за магијата која се случува секогаш кога Владо заедно со публиката ги пее своите и нивните песни.
„На Велигден штом ѕвона забијат...“ |