ПРЕДНОВОГОДИШНИ КОНЦЕРТИ ВО БИТОЛА, СТРУМИЦА И ОХРИД

Менаџерскиот тим на Владо Јаневски објави убава вест за неговите фанови од внатрешноста на Македонија. Закажани се 3 концерти во последната недела од годината и то во следните градови:

БИТОЛА на 27-ми Декември, сабота
СТРУМИЦА на 28-ми Декември, недела
ОХРИД на 29-ти Декември, понеделник

Владо и неговиот бенд за овие концерти сценски се зајакнати со гудачкиот квартет „Еквилибриум“ кој додатно ќе го збогати звучното доживување кое ги очекува неговите верни обожуватели. Серијата концерти започнува од Битола, градот на културата за 2008-ма година, и тоа во тамошната спортска сала. И другите два концерти ќе се одржат во спортските сали во тие градови со почеток во 20.30 ч.
Влезниците во предпродажба чинат 200 денари, а на ден на концертите 250 денари.

Нов сингл: „Од овој ден“ мп3 бесплатен даунлоуд.