ВЛАДО ОДРЖА ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ
Незапамтениот интерес за хуманитарниот концерт на Владо Јаневски во Универзалната сала во Скопје како да беше најава дека 16-ти Декември ке биде ден кој љубителите на неговата музика долго ќе го паметат.Така и беше.
Во преполнетата сала публиката создаде вжештена атмосфера во која Владо и неговиот нов бенд направија двочасовно емотивно патување низ триесетина песни од раниот период до најновиот албум. Двеилјадниот хор пееше заедно со Владо од почеток до крај што веќе со години е карактеристика на сите негови настапи. ТВ камерите и многубројните новинари беа сведоци на магијата која по правило се создава меѓу Владо и неговата публика. Извештaј од концертот прочитајте овде и овде. Сите средства од продажбата на влезниците Владо и „АВОРД“ ги подарија во фондацијата „Т-Мобиле за Македонија“ и со нив ќе се реновира спортската сала во ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во знак на благодарност кон неговото некогашно училиште.
|