ВЛАДО НА БАЛКАНСКА ТУРНЕЈА СО „ЛЕБ И СОЛ“

Под впечатоците на неговото успешно гостување на скопскиот концерт на „Леб и сол“ во Метрополис арената, Владо и членовите на легендарната група се договорија да ја продолжат соработката.

Владо ќе биде гостин на уште најмалку 4 концерти на „Леб и сол“ и тоа во Крагуевац и Зрењанин (Србија), Ново Место (Словенија) и Загреб (Хрватска). Концертите ќе се одржат во периодот 16 - 20 Декември, а на нив Владо ќе ја пее „Си заљубив едно моме“ од најновиот албум на скопската четворка и една своја композиција.
На 21-ви Декември се предвидува Владо да се врати во Македонија заради подготовките на неговите веќе најавени предновогодишни солистички концерти во Струмица, Битола и Охрид.