ВЛАДО ВО „СИТИ РЕКОРДС“ !

Во последните денови на септември во Белград се одвиваа преговорите околу тоа која издавачка
куќа ќе го добие правото да го објави новиот албум
во Србија , БиХ и Црна Гора.

Менаџерскиот тим на „АВОРД“ постигна согласност
со сопствениците на медиумската корпорација „Пинк“, што значи дека првиот албум на Владо Јаневски во  горенаведените земји ќе се појави со знакот на
„Сити Рекордс“.


         

„АВОРД“ и неговиот нов лиценцен партнер од Белград
ги усвоија плановите за соработка во промотивно-медиумските активности кои, заедно со песните
што ќе се најдат на албумот, во следниот период на Владо ќе му обезбедат идеални услови за влез во елитната лига на поп-изведувачи на просторите на некогашна Југославија.