НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ ВО БИТОЛА
По подолго време Владо пееше за неговите обожуватели во Битола. На 27-ми Декември во новоотворената дискотека „Инфинити“ која беше претесна да ги прими сите што сакаа да го видат и слушнат Владо одблиску се создаде пеколна атмосфера во која никој не штедеше глас и енергија, ни Владо ни неговата публика.
На покана на градското раководство на чело со градоначалникот на Битола Владимир Талески, неколку дена подоцна Владо повторно допатува во градот на конзулите за пречекот на Новата година. На плоштадот „Магнолија“ тој беше главната ѕвезда во богатата програма која беа вклучени и бројни уметници од градот. Околу 20.000 битолчани бурно го поздравија настапот на Владо кој им се оддолжи со едночасовна програма во централниот дел од прославата. Неколку минути пред полноќ Владо ги повика на сцената сите учесници и градоначалникот кој на своите сограѓани им посака се најубаво во 2007-ма. Следуваше спектакуларен огномет по кој, пеејќи ги песните на Владо, битолчани и официјално зачекорија со многу желби и надежи во новата година.
|