КОНЦЕРТИ ВО ОХРИД, БИТОЛА...

Како и што е вообичаено за летните меесеци, Владо со неговиот бенд настапува на повеќе сцени по градовите ширум Македонија.

Во рамките на манифестацијата „Охридско лето“ на сцената на античкиот театар во Охрид, закажан е голем концерт на Владо Јаневски токму на најголемиот македонски празник Илинден, четврток 2-ри Август.

Уште еден потврден датум е 25-ти Август во рамките на „Битолско лето“ на слична локација. Владо ќе одржи целовечерен концерт на сцената на античкиот локалитет „Хераклеа“ во Битола.
За останатите датуми на летната турнеа на Владо Јаневски поединостите ќе бидат објавени преку медиумите и секако на оваа веб-страница.