БАЈАГА ПИШУВА ПЕСНА ЗА ВЛАДО
Во екот на веселата атмосфера која владееше за време на двата исклучително успешни концерти што Бајага со своите “Инструктори” ги одржа во Скопје, а на кои Владо беше специјален гостин, двајцата добри познаници и колеги се договорија за нов вид соработка.

Имено на својот следен албум Владо ќе испее песна која Бајага ќе ја напише во свој стил кој по се изгледа им лежи и на обајцата, со оглед на фактот дека Бајагината стара балада “Твојте очи” во заедничка изведба на двајцата мајстори беше пречекана со овации на неодамнешните концерти во Универзалната Сала. |