ВЛАДО НА ХРФ 2007

Следниот чекор во освојувањето на хрватскиот пазар е учеството во официјалната конкуренција на Хрватскиот радиски фестивал 2007.

Организаторот ја вметна песната „И онда наѓе се будала“  од најновиот албум на Владо во листата од 36 песни во Поп / Рок категоријата. Според пропозициите тие песни ќе ги емитуваат преку стотина радио-станици во Хрватска секој ден во текот на следните два месеци. Гласаат слушателите и уредниците, а големото финале ќе се одржи во јуни на Хвар.

ХРФ 2007 „И онда наѓе се будала“ мп3.