ВЛАДО И ОФИЦИЈАЛНО НАЗНАЧЕН ЗА АМБАСАДОР
 01.07.2007 Од денес Владо Јаневски и официјално е амбасадор на културата на Република Македонија во Хрватска.Ова големо признание му го врачи премиерот Никола Груевски.
Во присуство на министерот за култура и министерот за надворешни работи, Владо ги прими амбасадорските акредитиви и златната плакета во знак на неговото наименување и признание на неговите досегашни заслуги во ширењето на македонската култура.
Иако оваа титула првенствено се однесува за територијата на Република Хрватска, Владо ќе има овластувања и за соработка со амбасадите на Република Македонија во останатите земји на просторот на бивша Југославија.
|