НАСТАП ВО СЛОВЕНИЈА

Владо продолжува со својот успешен музички поход
на балканската сцена, па на ред дојде и публиката
во Словенија.

На прославата по повод 10-годишнината од постоењето на„Фантази Радио“ на 15-ти Септември во Целје, неколкуилјадната публика до длабоково ноќта одлично се забавуваше со најпопуларните домашни изведувачи, но и со специјалните гости одбрани според гласовите на слушателите: Лука Нижетиќ, Владо Јаневски и Весна Писаровиќ.
Владо и Весна го завршија својот настап
со нивниот дует во чест на „Фантази Радио“ кое меѓу првите во Словенија ја уврсти „...Религија“ во својата редовна програма.