НАСТАПИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ
Во следните неколку недели Владо го очекува голема километража бидејќи се закажани настапи на три континенти.
Најпрво ќе пее за оние кои најретко имаат можност да го слушнат - неговите скопјани.
Во четврток на 15-ти Октомври во централниот скопски клуб "Б2" некаде по полноќ Владо со својата публика ќе ги испее сите свои најголеми хитови, а упатените очекуваат добра забава каква се случува секогаш кога на репертоар се толку многу познати рефрени.
На 23-ти Октомври од другата страна на Атлантикот, Македонците во Канада повторно ќе го видат на концерт во Торонто после цели десет години. Овој пат Владо ке настапи во Брамптон, а деталите околу концертот и влезниците се наоѓаат на официјалниот плакат кој го добивме од организаторот "Sunstage Co."
Патот за Владо ќе продолжи преку Америка и Тихиот Океан до Нов Зеланд. Како што им вети на своите сонародници минатата година Владо се враќа во Окленд во Villa Dalmacija (Далматински клуб) на 14-ти Ноември, на уште една вечер натопена со звуци и сеќавања на татковината. Гостувањето на Владо во најдалечната земја за Македонците и овој пат ќе биде во организација на "Fonko NZ".
|