ВЛАДО ПОТПИША ЗА “AWARD”

На почетокот на 2006-та Владо потпиша тригодишен уговор со “AWARD Entertainment” за ексклузивни права на сите аудио и видео изданија и застапување во Македонија и земјите на Балканот.

По истекот на уговорите со “Авалон” кои резултираа со два мега-успешни албуми, безброј хитови и настапи (медју другото и 7 преполни Универзални сали), Владо пријателски се раздели со браќата Милошевски и ја започна соработката со “AWARD” во рамките на која ќе бидат издадени два албуми во Македонија, СиЦГ, Хрватска, Словенија и БиХ.