НАСТАПИ ВО ДЕКЕМВРИ
По враќањето од двомесечното патување во Канада, Америка, Н.Зеланд и Австралија Владо веќе следниот ден замина за Чешка каде на покана на нашите иселеници во Прага на 6-ти Декември настапи во престижниот ноќен клуб "Очко".
Македонците дојдени од цела Чешка цели два часа се забавуваа пеејќи ги добро познатите рефрени заедно со нивниот гостин од Македонија.
Убедливо најрасположени беа и главните промотери на овој настап Јане Николов и Срѓан Коцев кои, сесрдно поддржани од амбасадата на РМ во Чешка, на своите сонародници им овозможија средба во живо со нивниот омилен пејач од татковината.
Декеври по правило е време за настапи низ Македонија, а за оваа година од менаџментот на Владо Јаневски добивме некои од потврдените датуми:
18-ти Декември, - получасовен настап на плоштадот "Македонија" во Скопје на прославата по повод визната либерализација. 19-ти Декември, - целовечерен настап во дискотеката "Downtown" во Велес. 27-ми Декември, - ревијален настап во хотелот Александар Палас на манифестацијата "Спортист на годината". 30-ти Декември, - целовечерен настап во дискотеката " Процент" во Гевгелија. 31-ви Декември, - едночасовен настап на плоштадот "Македонија" во Скопје на пречекот на Новата Година.
Неофицијално дознаваме дека постојат индиции за додатни настапи на 31-ви Декември на плоштадот во Прилеп на прославата на Нова Година (околу полноќ) како и за 11-ти Јануари во Вевчани по повод прославата на Василица.
|