„ХАЈДЕ ВОДИ МЕ“ ЌЕ ДОБИЕ СПОТ

Минатата недела на неколку локации во Белград и Скопје се одвиваше снимањето на спотот за дуетската „Хајде води ме“ која Бајага ја напиша специјално за најновиот албум на Владо.

Под будното око на камерата зад која стоеше техничката екипа на „Аворд“ на чело со режисерот Дејан Милиќевиќ, главните протагонисти Владо и Тијана ја доловија атмосферата на летните патувања и копнежот по далечните тропски дестинации. Ви презентираме и  неколку фотографии од снимањето, а за комплетното видео доживување ќе мора да се стрпиме уште неколку дена додека од снименото се подготви 4-минутното визуелно издание на еден од најинтересните дуети во последно време.