ВЛАДО ПРОМОТИВНО ВО БЕЛГРАД

Кон крајот на мај Владо престојуваше во Белград на покана од ТВ „Пинк“. Во рамките на неговите промотивни активности поврзани со објавувањето на неговиот нов албум во Србија, тој гостуваше во најгледаните термини на оваа куќа како што се: „Во петок во 2“, „Балканнет“, „Викендвизија“, „Поп-ден“, „Браво Шоу“...

Владо беше пречекан како голема македонска sвезда пред која стои  блескава балканска кариера. Неговите домаќини имаа само пофални зборови за квалитетот на неговите песни и беа пријатно изненадени од неговото одлично познавање на српскиот јазик со кој ги шармираше водител(к)ите и останатите гости во емисиите.Тој доби многу покани за повторни гостувања штом биде завршен спотот за дуетот со Тијана кој е во подготовка и ќе се снима деновиве во Белград.